„Ако не е повреден, Рафа ќе го освои Ролан Гарос“

Поранешниот тренер на Серна Вилијамс, Патрик Муратоглу смета дека Рафаел Надал не треба да биде отпишан и дека доколку нема болки и ако не  повреден е фаворит за освојување на Ролан Гарос.

Шпанецот би требало да се врати на терените на почетокот на следната сезона.

„Вистинското прашање е колку ќе биде без повреди во 2024 година? Ако е без болка и може да игра следната година, нема причина да не веруваме дека нема да биде фаворит за Ролан Гарос“, вели Муратоглу.

Надал досега во кариерата има освоено 22 гранд-слем титули, две помалку од Ѓоковиќ и две повеќе од Федерер.

Се вчитува...