Њукасл го исфрли Сити, па сега ќе игра со Јунајтед во Лига Купот

Екипата на Њукасл немаше среќа во ждрепката за Лига Купот на Англија, па во 1/8 финалето патува во Манчестер. Откако синоќа го исфрли Манчестер Сити од ова натпреварување, за ривал го доби вториот тим од Манчестер – Јунајтед.

Тоа ќе биде реприза на минатогодишното финале кое му припадна на „црвените ѓаволи“ кои повторно имаа среќа во ждрепката, затоа што 12 пати по ред ќе бидат домаќини.

Од другите натпревари, интересно ќе биде и лондонското дерби меѓу Вест Хем и Арсенал.

ЛИГА КУП (КАРАБАО КУП) 1/8 ФИНАЛЕ

Мансфилд – Порт Вејл

Ипсвич – Фулам

Манчестер Ј. – Њукасл

Борнмут – Ливепул

Челси – Блекбурн

Вест Хем – Арсенал

Евертон – Барнли

Ексетер – Милдсбро

Се вчитува...