Анчелоти кажа кого сака да го види како негов наследник во Мадрид

Многу веројатно е на Карло Анчелоти ова да му биде последна сезона на клупата на Реал Мадрид, а потоа да го рпезеде кормилото на Бразил, или да замине во пензија. Веднаш тргнаа шпекулациите околу негов наследник идната сезона, а меѓу најсериозните кандидати се споменуваат легендата на овој клуб Раул Гонзалес, како и екс играчот и сегашен тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

Италијанецот има договор со „кралевите“ до крајот на оваа сезона и потоа Реал ќе има нов тренер, а самиот Анчелоти ја кажал својата желба кој сака да го замени, и изненади многумина.

Иако Алонсо се споменува како прв фаворит, сепак, Анчелоти ќе инсистира до претседателот Перез ангажман на Роберто де Зерви, актуелниот тренер на Брајтон кој врши одлична работа и бележи супер резултати во Премиерлигата, и покрај тоа што тимот скапо продаде неколку ѕвезди во изминатиот период.

Се вчитува...