Дресот на Лос Анџелес Лејкерс кој го носеше Вилт Чембрлејн за време на финалето на НБА во 1972 година беше продаден на аукција за 4,9 милиони долари.
Чембрлејн беше од фундаментално значење за успехот на Лејкерс, вклучително и за време на сезоната 1971/72, кога Лејкерс ги победија Њујорк Никс во големото финале.
Во тогаш решавачкиот натпревар број 5, Вилт забележа неверојатни 24 поени, 29 скока и по осум асистенции и блокади, сето тоа и покрај повредата на десната рака.
Чембрлејн е еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА. Професионалната кариера ја започна во 1958 година, а ја заврши во 1973 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

