Српскиот кошаркар Бориша Симаниќ го даде бубрегот за својата татковина на Светското првенство кое оваа година се одржа во Јапонија, Филипини и Индонезија, а нашиот северен сосед стигна до сребрениот медал.
Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда заработи тешка повреда во дуелот против Јужен Судан кога екс играчот на МЗТ Скопје, Нуни Омот му зададе тежок удар во пределот на бубрегот, повреда која се испостави дека е многу сериозна и поради која заврши на операција.
Постоеше неизвесност за животот на Симаниќ, но на крајот немилата ситуација заврши најдобро што можеше. А, денеска на социјалните мрежи се појави слика од 25-годишниот кошаркар кој ја објави неговиот агент Мишко Ражњатовиќ. Фотографија на насмеаниот Бориша брзо ги преплави социјалните мрежи со позитивни коментари.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

