Чави: Никогаш не сум имал впечаток дека судиите навиваат за Барса

Скандалот „Негреира“ останува главна вест во фудбалска Шпанија, откако денеска и официјално беше покренато обвинение против Барселона и митото што поранешната управа го давала на членови на судиската комисија во Шпанската Фудбалска Федерација.

Големиот скандал зема замав, ако Барса биде прогласена за виновна ќе следат казни од Ла Лига, како и од УЕФА (најавено е и можно исклучување од Лигата на Шампионите), но тренерот Чави е убеден дека каталонците немаат прекршено правила бидејќи овој клуб никогаш немал судиска помош.

„Знам дека тоа е актуелна тема, ќе се пишува на одредено време, за десет дена очекувам нови шпекулации. Мојот став го имам кажано неколку пати, сега ќе го повторам – никогаш не сум имал впечаток дека судиите навиваат за Барселона. Никогаш“, дециден е Чави.

Се вчитува...