Чави: Во Барса го имаме новиот Меси

Еден од најталентираните фудбалер од генерацијата 2007, Ламин Јамал го привлече вниманието со одличните настапи за Барселона и шпанската репрезентација каде оваа година воедно се запиша во историјата како најмлад дебитант и стрелец за „црвената фурија“ во натпреварот против Грузија.

За 16-годишникот пофални зборови имаше и тренерот на каталонците, Чави кој му предвиди блескава иднина го спореди со Лео Меси.

„Ламин е толку вешт во ситуациите еден на еден и тоа не смееме да го игнорираме. Ме потсетува на Меси, Усман Дембеле… Едноставно мораме да го „храниме“ со топки и да ја користиме неговата вештина во целост. Мораме и да пазиме на него како што Френк Рајкард работеше со Меси на почетокот на неговата кариера. Внимателноста ќе му помогне да избегне повреди. Го тренираме како и било кој друг тинејџер кој тренира со првиот тим, а во следниот натпревар ќе игра против борбените ѕверови како Серхио Рамос и Хесус Навас“, изјави Чави.

Се вчитува...