Атаман го откри рецептот за успех

Турскиот кошаркарски стратег со две евролигашки титули зад своето име, Ергин Атаман во новата сезона влегува со тежок предизвик да го издигне „ранетиот џин“ Панатинаикос кој во последните години не е ниту блиску до претпознатливото ниво.

Грчкиот евролигаш претходната сезона ја заврши на 17. место на табелата, но во новата влегува со потполно променет состав и под водство на Атаман ќе атакува на највисоките почести. Говорејќи за грчките медуми Атаман ја откри тајната на успехот, а се осврна и на предизвиците за новата сезона.

„Тајната е во храброста која ја имам, лидерството кое го давам, емоциите кои ги негувам со сите вработени околку мене – играчите, членовите на стручниот штаб, сите луѓе околку и се разбира посветеноста кон мојата работа. Си ја сакам работата, уживам во неа. Често ме гледате под притисок на теренот, при многу адреналин, но јас не сум таков надвор од него. Јас сум опуштен.

Ги сакам предизвиците, сакам кога сум предизвикан. Претходната сезона Панатинаикос заврши блиску до дното на табелата. Оваа сезона мораме да атакуваме на врвот, не е доволно ниту второто место. Мора да сме први“, изјави Атаман.

Се вчитува...