Тен Хаг може да здивне: Тројца првотимци се враќаат за мечот со Кристал Палас

Манчестер Јунајтед имаше разочарувачки резултати на стартот од сезонава, а Ерик тен Хаг од самиот старт ги потенцираше повредите како еден од клучните фактори што неговиот тим не тргна во победнички ритам од почетокот на Премиер-лигата.

Тие главоболки сега се намалуваат од натпревар во натпревар, откако тројца првотимци на „црвените ѓаволи“ ги надминаа проблемите со повредите и му се ставија на располагање на холандскиот стратег за дуелот со Кристал Палас што е на програмата викендов.

Кристијан Ериксен и Скот Мектоминеј ќе бидат во комбинација за да го засилат средниот ред на „црвените ѓаволи“, а на позицијата лев бек се враќа Регуилон, чиј камбек е исклучително значаен ако се знае дека Шо и Маласија се повредени, па Тен Хаг нема друг играч на оваа позиција во тимот.

Ако се знае дека на куп-средбата со Палас се врати и Мејсон Маунт, јасно е дека конкуренцијата за речиси сите места во тимот е огромна, па Тен Хаг ќе може да избира од најдоброто што го има на располагање. Но и ќе нема простор за изговори доколку наскоро не почне победничка серија.

Се вчитува...