Фиорентина испушти триумф над Фросиноне и пробив во водечката тројка во Серија А (ВИДЕО)

Фиорентина испушти победа на гостувањето против Фросиноне и можност за приклучување кон водечката тројка во Серија А, ремизирајќи во 6. коло.

И покрај тоа што имаше водство од 0-1 по првото полувреме, Фиорентина дозволи погодок на домашните во вториот дел за конечни 1-1 на гостувањето против Фросиноне.

Тимот од Фиренца поведе со голот на Гонзалез уште во 19. минута, а домаќините израмнија со голот на Матијас Шуле во 70. минута.

 

На вториот денешен попладневен дуел од 6. коло, Монца и Болоња одиграа без голови.

Се вчитува...