Рома го има најлошиот старт во историјата во Серија А по синоќешниот дебакл од 4-1 на гостувањето против Џенова. Сето тоа донесе гласини и за отказ за тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо.
По мечот, Мурињо не сакаше многу да полемизира со новинарите околу можноста за отказ, на свој начин коментирајќи го сето тоа.
„Ова е најлошиот старт во историјата на Рома? Вистина е дека е и најлош во мојата кариера. Но, исто така колку што знам вистина е и дека Рома никогаш не играла две финалиња во европски купови две години по ред“ – рече Мурињо по мечот, освртувајќи се и на самиот натпревар:
„Секој нивни шут заврши во мрежата. Тоа е разликата. Ако јас се прашувам ни недостасуваат некои личности од минатата година. Роџер Ибањез ни носеше голема стабилност во тимот, а ни недостасува и Смолинг“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

