Лилард првата порака ја добил од Јанис: Ајде конечно да го освоиме овој проклет шампионат

По потписот за Милвоки, Демијан Лилард со широко отворени раце е прифатен од новите соиграчи во својот нов клуб во НБА лигата.

Американците веднаш открија и кој ја испратил првата порака до Лилард по неговото доаѓање во Милвоки. Тоа секако е најголемата ѕвезда на клубот Јанис Антетукомбо, кој кратко му порачал на Лилард…

„Добредојде… Ајде конечно да го освоиме овој проклет шампионат“.

Како што е познато, Лилард, кој одбележа една ера во Портланд Трејлблејзерс, во Висконзин ќе замине во размена на кошаркари меѓу три тима во кои покрај Портланд и Милвоки ќе учествува и Феникс Санс. Во Орегон ќе заминат Деандре Ејтон, Џру Холидеј, Тумани Камара како и два пика од драфтот. Во Аризона пак ќе оди репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, како и Грејсон Ален, Насир Литон и Кеон Џонсон.

Се вчитува...