И тоа како е големо незадоволството меѓу навивачите на Манчестер јунајтед од голманот Андре Онана кој изминатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ од Интер.
Поради неговите потези поголемиот дел од јавноста смета дека залудно фрлени се 50 милиони евра за негов ангажман, па веќе следната сезона прв голман на „црвените ѓаволи“ би можело да биде друго име. Како што пренесуваат англиските медиуми, тоа би бил Јапонецот Зион Сузуки.
Раководството на Јунајтед веќе е ангажирано околу доведувањето на младиот Сузуки, за кого се смета дека би можел да биде долгогодишно решение во клубот.
Се обидоа од Манчестер уште ова лето да го доведат 21-годишниот голман, но ги одби и се пресели во белгиски Сент Труден, како би собрал доволно искуство. Сузуки, притоа, јасно порача дека би бил пресреќен ако во иднина се пресели во Англија, но го одби Јунајтед поради Онана. Не сакајќи да биде број два.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА