Модриќ знае и кошарка: Го предизвика Дончиќ на партија баскет… (ВИДЕО)

Хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ беше гостин на Далас маверикс, каде во нивниот тренинг центар ги демонстрираше и своите кошаркарски вештини.

Далас се подготвува за пријателски меч со Реал во Мадрид, клубот за која фудбалска секција игра и Лука Модриќ. Хрватот го искористи своето присуство во Тексас за да го предизвика и Лука Дончиќ на партија баскет.

„Лука, те предизвикувам“ – вели Модриќ во видеото направено за време на летниот подготвителен камп на Реал во Тексас.

А, кошаркарскиот меч меѓу Реал и Далас во Мадрид е закажан за 10. октомври. Тоа ќе биде прв дуел на тимови од Евролигата и НБА уште од 2016 година.

Се вчитува...