Фудбалот и се што се случува околу него во голема мера веќе ги преминува етичките граници на спортска игра која треба да обединува.
Голем дел од искрените вљубеници на фудбалската игра се, најблаго кажано, вчудоневидени од видео-снимката од натпреварот меѓу Мајорка и Барселона на „Естадио Сон Моиш“ во Ла Лига.
Гледач од трибините успеал да сними што се случува во ВИП-просториите каде разголена танчерка ги забавува присутните ВИП богати гости. А, за фудбалот? Никому не му е грижа што се случува на терен…
„Фудбалот веќе нема смисла…. До каде ли стигнавме? Ова не смее да биде дозволено на фудбалски стадион! Ова е деградирачко и ниско!“ – се многубројните коментари по објавената видео-снимка.
Инаку, тоа е приватен ресторан кој е споен со ВИП-ложата на стадионот на Мајорка. Сопственикот, пак, ладнокрвно ќе одговори на сето тоа: „Ова не е црква, ова е ресторан“.
I això de tenir gogós a sa VIP??? pic.twitter.com/s9GFkkdQiF
— Mallorquinista (@CantaToni) September 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА