Од Франција доаѓаат драматични вести. Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека, се наоѓа на највисокиот мост во Франција и се заканува дека ќе скокне од него. 22-годишниот фудбалер на францускиот прволигаш е на 100 метри височина, а според информациите тој веќе ја прескокнал оградата и се наоѓа на работ на мостот.
Последните информации говорат дека играчот се решил на ваков чекор поради раскинување со девојката. Инаку клубот Ница веќе испратила психолози, како и дел од соиграчите да го убедат фудбалерот да се откаже од својата намера.
Alexis Beka Beka 😥 pic.twitter.com/HT3FdZbIvc
— L’et Des Sports (@LetDesSports) September 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА