Покрај сите проблеми со кои се соочува околу средувањето на финансиската состојба во клубот, ФК Вардар со проблеми и во спортскиот дел.
За продолжението на шампионатот тимот нема да може да смета на летното засилување, репрезентативецот на Андора, Алберт Алаведра кој поради семејни проблеми е во депресија и одлучил да ја прекине кариерата.
„Стоперот Алаверда има некоја скриена депресија поради семејни проблеми. Се обидувавме долго да се обидеме да го вратиме, но очигледно е дека сето тоа е неможно, па тој одлучи да ја заврши кариерата. Сето тоа ни носи дополнителни проблеми околу креирањето на тимот, но ние не смее да се жалиме, мора да се бориме до крај и во спортскиот дел исто како што раководството се бори за средување на финансиската ситуација“ – вели шефот на стручниот штаб, Александар Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА