Францускиот прволигаш Лил ќе мора да му плати 2 милиони евра на својот поранешен тренер Марсело Биелса, поради отказот кој му е доделен во 2017 година, одлучи жалбениот суд.
Оваа сума е одлучена поради фактот што Биелса имал заштитна клаузула, па дури и ако му биде даден отказ поради лошо водење на тимот.
„Лил има наредба да му плати два милиони евра од вкупно 19 колку што бараше Биелса“, рече адвокатот на тренерот, а веста ја потврди и советник на францускиот клуб.
На првото судење во 2021 година, судот во Лил ги одбил барањата од тренерот. Биелса дојде во клубот откако беше преземен од бизнисменот Жерард Лопез на почетокот на 2017 година, но е отпуштен откако Лил беше прептоследен на табелата.
На преддоговорот потпишан во 2017 година, има клаузула во која стои „ако клубот од било која причина го спречи тренерот во обавувањето на неговите фунцкии, ќе треба да го надомести со плаќање на сите точки од договорот“.
Сепак, судот драситчно ја намалил клаузулата, а проценил дека штетата на Биелса изнесува само 2 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА