Промена на странци во Феникс – Томас заминува, нов кошаркар е Хејнс-Џонс

Самиот почетокот на новата сезона во мак-баскетот донесе и промена на бековската позиција во редовите на Феникс 2010 од каде заминува Деандре Томас, а неговото место ќе го замени Самаџе Хејнс-Џонс.

Станува збор за 26-годишен Американец висок 185 сантиметри кој во младиот состав носи и искуство со тригодишни настапи на европската сцена. По настапите за Универзитетот Вичита од Канзас во НЦАА лигата првиот настап на „стариот континент“ го има во Грузија и Кактус Тбилиси за во следните две сезони да бележи настапи во Унграија, Грција и Бугарија.

По двата натпревари на домашно тло следната седмица скопскиот тим ќе испише историја со прв настап на интернационаланта сцена во квалификациите за ФИБА Еврокупот, натпревари кои избраниците на Денис Дервишевиќ ќе го одиграат во Никозија, Кипар против домаќинот Керевнос и германскиот Рошток.

Се вчитува...