Нов проблем за Покетино: И Бен Чилвел е тешко повреден

Сезоната за заборав исполнета со бројни повреди на клучни фудбалери за Челси продолжува понатаму со новата поверда која ќе го оддалечи Бен Чилвел од терените неколку недели, потврди и тренерот Маурисио Покетино.

Репрезентативецот на Англија се повреди на натпреварот против Брајтон во Лига купот и според проценките станува збор за потешка повреда на задната ложа.

„Мислам дека се многу лоши вести. Лекарите така ми кажаа. Делува дека станува збор за многу тешка повреда. Сепак ќе мора да ја процениме неговата состојба во следните денови и тогаш ќе знаеме колку точно ќе отсуствува. Засега не делува добро.

Направи незгодно поместување во последните минути од натпреварот. Тажно е бидејќи и претходно се мачеше со повреди. И тајмингот е несреќен бидејќи поминаа помалку од 48 часа како ни кажа дека има проблем. Ќе имаме детална процена за неколку дена“, изјави аргентинскиот стратег.

Бен Чилвел кој оваа сезона ги одигра сите натпревари во „синиот“ дрес ја дополни листата на повредени фудбалери на кои се наоѓаат и: Рис Џејмс, Чуквуемека, Енкунку, Бадијашил, Фофана, Чалобах, Лавија и Броја.

Се вчитува...