Адетокумбо по трансферот на Лилард: „Пирова победа“ за Милвоки

Сагата за заминување на Дамиен Лилард од Порталнд заврши оваа седмица во која беше реализиран трансфер на седумкратниот Ол-стар играч во редовите на Милвоки каде заедно со Јанис Адетокумпо ќе создаде дуо за атак на НБА шампионатот.

Грчкиот репрезентативец не го криеше задоволството од неговиот ангажман, но вели дека ова е „пирова победа“ бидејќи остана без својот добар пријател Дру Холидеј кој беше клучен во освојувањето на титулата во 2021 година.

„Ова е горчлив ден за Милвоки. Го добивме Дамиен кој е фантастичен играч, но многу и загубиме со заминувањето на Дру. Тој е мојот брат до крајот на животот. Го сакам, го почитувам. Тој ни донесе титула. Тој украде топка во натпреварот број пет од финалето. Со него бев во војна и не ми се битно што пишуваат медиумите. 

Во исто време сум и пресреќен бидејќи Дамиен ни дава шанса да освоиме шампионат. Едвај чекам да играм со некој од таков калибар. Тој може да постигнува поени со затворени очи“, изјави Адетокумпо.

Се вчитува...