Договорена борбата на деценијата: Фјури и Усик влегуваат во епска битка

Боксерските фанови ширум светот имаат причина за задоволство откако конечно беше договорена борбата за обединување на титулите на двајцата најдобри боксери на денешнциата, Тајсон Фјури и Олександар Усик.

Преговорите траеја речиси две години, за конечно да биде постигнат целосен договор – борбата ќе се одржи во Саудиска Арабија, а датумот е или 23 декември или првата половина од месец јануари 2024 година.

Победникот од оваа супер-борба ќе биде првиот човек кој ќе ги обедини сите титули во тешка категорија по Ленокс Луис, кого тоа му успеа со триумфот над Холифилд во 1999 година.

Фјури моментно е сопственик на ВБЦ појасот, а последен пат го одбрани во декември минатата година со победа над Дерек Чисора. Усик е шампион во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите, а последната победа ја забележа над Даниел Дубоа во август.

Се вчитува...