Лајпциг и Баерн Минхен ќе се сретнат утре во новото бундеслигашко дерби, но овој дуел веќе има своја непријатна увертира, откако Лајпциг денеска му врачи отказ на директорот Макс Еберл.
Станува збор за директор од највисока класа за кого се интересираа бројни англиски клубови, но Лајпциг се реши на ваков потег откако раководството на клубот дозна дека Еберл во изминатиот период преговарал со Баерн Минхен за преселба на „Алијанц Арена“. На оваа тема неколку дена пишуваше тиражниот весник „Билд“, а откако Лајпциг доби и конкретни докази реши да му врачи отказ на Еберл.
„Му врачивме автоматски отказ на Макс Еберл, моравме да донесеме ваква одлука поради недостигот на посветеност кон клубот. Ова нема никаква врска со спортските резултати“, наведе Лајпциг во клупското соопштение на Лајпциг.
Баерн во Еберл гледа идеален наследник за Хасан Салихамиџиќ, но и покрај денешниот отказ Еберл останува под договор со Лајпциг и баварците ќе морааат да платат отштета ако сакаат да го доведат во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА