Барселона се врати на победнички патеки во Ла Лига славејќи со 1-0 над Севилја. За триумфот да биде уште посладок, најзаслужен за него е вечниот ривал на каталонскиот гигант, Серхио Рамос, кој како дефанзивец на Севилја со неспретна интервенција ја смести топката во мрежата на сопствениот тим.
Барса тргна офанзивно од самиот почеток, со Левандовски, Жоао Феликс Јамал и со Рафиња во стартниот тим, но Бразилецот Рафиња заработи повреда и мораше да биде заменет уште во првото полувреме. Домаќините доминираа од самиот старт, но најубавата шанса во првото полувреме ја пропушти Феликс, кој од идеална ситуација ја затресе само гредата по маестралното додавање на Жоао Кансело.
💥 ¡El disparo de @joaofelix70 se estrelló en el larguero! #LALIGAEASPORTS | #BarçaSevillaFC #LALIGAHighlights pic.twitter.com/9OL7UuEzRI
— LALIGA (@LaLiga) September 29, 2023
Каталонците продолжија да доминираат и во второто полувреме, промашија неколку шанси и се мачеа да го најдат патот до мрежата, се додека во 76. минута не добија помош од Рамос, кој по обидот за повратна топка од Јамал го изненади сопствениот голман постигнувајќи си автогол.
Автоголот на легендата на Реал Мадрид на гостувањето против Барса можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА