Партизан остави зад себе успешна сезона во која тимот успеа да се врати на тронот на АБА-лигата, а малку недостигаше да се обезбеди и пласман на фајналфор тунирот од Евролигата.
Одличните резултати и стилот на игра на кој инсистира тренерот Жељко Обрадовиќ беше причина Зек Ледеј да одбие далеку побогати понуди и да потпише нов договор со Партизан.
„Кога станува збор за Партизан и за нашиот стил на игра, нема тука никаква магија, само напорна работа. Клубот е изграден на таа цврстина, на таа желба за победа што ја носат сите во себе. Таа енергија ни ја даваат и навивачите секогаш кога ќе влезат во салата, ние сакаме да дадеме се од себе за да ги израдуваме. Среќен сум што сум дел од овој проект, мислам дека кога дојдов во Партизан клубот беше на ниски гранки, но од ден на ден градиме нешто нова. Тој процес на изградба, сакав да го продолжам и токму затоа потпишав нов договор иако можев да си заминам за повеќе пари на друго место“, изјави Ледеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА