Македонија ЃП има предност од 1-0 по првото полувреме во првиот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ сосема заслужено имаат предност по првите 45 минути, контролирајќи ја играта на стадионот во Ѓорче Петров. Откако најпрво Попзлатанов во 13. минута и Алексовски во 33. минута не реализираа две шанси, следеше голот во финишот на првиот дел.
Водството го донесе Попзлатанов во 44. минута од средбата, по убавата акција по левата страна на Алексовски и Величковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА