Астон Вила го демолираше Брајтон со убедливи 6-1 во премиерниот меч од новата рунда од Премиер-лигата, во кој Де Зерби не успеа да најде начин да го запре извонредниот Оли Воткинс.
Најдобриот стрелец на Астон Вила фуриозно го почна натпреварот постигнувајќи два брзи погодоци, по асистенцитие на Кеш и на Дијаби. Брајтон беше во нокдаун, а домашните фудбалери го искористија тоа за да постигнат и трет погодок, и тоа автогол на Еступињан по шутот на Дијаби.
Ансу Фати го постигна својот прв премиерлигашки гол и намали на 3-1, но Астон Вила имаше свој одговор, најпрвин Воткинс го комплетираше хет-трикот за водство од 4-1, пред „резервистот“ Рамзи да зголеми на 5-1 на овој натпревар, на асистенција на Оли Воткинс.
Конечните 6-1 во 97. минута ги постави Даглас Луис, по уште една акција во која учествуваше Воткинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА