Клоп бесен: Ако кажам се што мислам, скапо ќе ме чини…, што имаме ние од извинувањето на Судиската организација!?

Јирген Клоп не го криеше разочарувањето по несреќниот пораз на гостувањето против Тотенхем, со автоголот на Матип во 96. минута. Германецот потенцираше дека е горд на своите избраници, но не сакаше да поконкретен коментар за судењето отако Ливерпул беше драстично оштетен.

„Црвените“ го завршија мечот со девет фудбалери по црвените картони на Џонс и на Жота, а неверојатен беше превидот во првото полувреме кога при 0-0 Луис Дијаз постигна чист гол што беше поништен поради офсајд, а ВАР не се вклучи да ја поправи судиската одлука иако беше очигледно дека напаѓачот на Ливерпул не се наоѓа во недозволена ситуација.

„Горд сум на овие момци, се бореа како лавови и штета е што не дојдовме до резултатот што го посакувавме. Слободно можам да кажам дека ова е најнефер фудбалскиот натпревар што го имам видено во животот. Тоа е се што можам, бидејќи ако кажам се што мислам, скапо ќе ме чини“, изјави Клоп.

Во меѓувреме, Судиската организација преку соопштение ја призна огромната грешка со поништениот гол на Ливерпул.

„Што имаме ние од тоа нивно извинување. Видовме како се извинија за голема грешка во првото коло, на мечот Манчестер Јунајтед – Вулверхемптон. Што имаше Вулвс од тоа, не добија бод. Што имаме ние од такво извинување“, порача Клоп.

Се вчитува...