Здравков: Против Вардар да ја прекинеме низата порази

Брегалница утре од 14 часот во Штип во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига ја очекува пресметката против Вардар, во мечот на двете екипи за кои бодовите и тоа како се неопходни.

По шест години мегдан на двата лути ривали, сега со силна желба за бодови и на двете страни ако се знае дека и Брегалница и Вардар се во негативна резултатска низа.

„Вардар секако е предизвик за сите и тимот е подготвен од сите аспекти за максимално надигрување“ – истакна шефот на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков, на денешната прес-конференција во Штип, притоа дополнувајќи:

„Јасно е дека не чека тежок меч, но максимално ќе се стремиме на победа. Знам дека сите кои ќе истрчаат на терен ќе го дадат максимимот и се надевам дека ќе ги задоволиме нашите навивачи. Се надевам дека ќе ја прекинеме таа негативна низа од три порази во серија. Мислам дека овие променливи игри се резултат на таа невоиграност во тимот кој има дванаесет нови фудбалери. Натпреварите ги загубивме заради индивидуални грешки или пад на концентрација, но уверен сум дека ќе се поправиме. Ако се погледне досегашниот тек на првенството, мислам дека од планираното сме минус само некои три-четири бода кои ќе се обидеме да ги надополниме во продолжение“.

Се вчитува...