Не е се во парите: ПАО понижен од големиот ривал, даде само 11 поени за цело полувреме

Панатинаикос летово инвестираше богатство носејќи го тренерот Атаман и десетина нови екстра засилувања, но „зелените“ доживеаја огромно понижување откако го загубија мечот од Супер-купот на Грција од вечниот ривал Олимпијакос со убедливи 75-51.

Особено срамно за ПАО беше првото полувреме, во кое за дваесет минути игра избраниците на Атаман постигнаа само 11 поени, од нив четири во првата (16-4) и седум во втората четвртина (21-7), а во еден период Олимпијакос имаше серија од неверојатни 27-0, а „зелените“ повеќе од 14 минути немаа постигнато ниту еден поен. Мечот практично беше решен за едно полувреме, па иако заиграа подобро во нападот, кошаркарите на Панатинаикос го загубија мечот со убедливи 24 поени разлика.

Ларенцаркис беше најефикасен кај Олимпијакос со 20 поени, Кенан реализираше 12, Милутинов 10 поени. Хуанчо Хернангомез беше најдобар стрелец на Панатинаикос со 15 поени пред Грант со 14.

Се вчитува...