Тен Хаг беше исврикан од навивачите на Јунајтед па порача: Не смееме веќе вака

Манчестер Јунајтед го има најлошиот почеток на сезона во Премиерлигата во последните 34 години откако во 7. коло во Премиерлигата претрпе пораз од Кристал Палас со 0-1 на „Олд Трафорд“. Тоа беше четвртиот пораз во седмиот овосезонски натпревар со што Ерик тен Хаг и неговите играчи беа исвиркани од незадоволните навивачи на клубот.

По натпреварот холандскиот стратег говореше пред медиумите каде изјави дека ги разбира незадоволните навивачи и неговиот тим веќе не смее да игра на тоа ниво.

„Ги разбирам навивачите. Играме дома против Кристал Палас и мораме да победиме. Со цела почит. Знам дека секој натпревар во Премиерлигата е тежок, но мораме да бидеме подобри. Ова не беше ни блиску до добро. Можам да ви кажам зошто не играме добро, но ќе речете дека само се правдам. Нема оправдување. Мораме да победиме“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...