Изненадување: Баерн Минхен враќа клупска легенда?

Баерн Минхен уште денеска би можел да стигне до засилување во одбраната, пренесуваат германските медиуми. Станува збор за ангажман на Џером Боатенг, искусниот 35-годишен стопер кој важи за легенда на „баварците“.

Поранешниот германски репрезентативец одигра 363 натпревари за Баерн Минхен од 2011 до 2021 притоа освојувајќи 22 трофеи од кои два во Лигата на Шампионите.

Боатенг е слободен играч откако му истече договорот со Лион на крајот на претходната сезона и тој се очекува на тренинг кампот уште денеска. Со оглед на неговото искуство очекувањата се дека ќе биде од голема помош на Томас Тухел поготово во периодот кога германскиот бундеслигаш мака мачи со повреди.

Се вчитува...