Васоски: Битка во Штип на два тима на кои бодовите им се повеќе од потребни

Брегалница и Вардар по повеќе од шест години првпат во меѓусебна фудбалска пресметка. Последен пат двете екипи се соочија во мај 2017 година кога во Штип ремизираа (3-3) во Првата лига.

Денеска, пак, во Штип во 9. коло од ПМФЛ ги очекува нов прволигашки двобој во битката за, и тоа како, важни бодови и за двете екипи.

За тоа е свесен и стратегот на „вардарци“, Александар Васоски кој знае дека неговиот тим мора да атакува на триумф, исто како и домашните.

„Сигурно ќе биде интересна фудбалска претстава затоа што Вардар секогаш е предизвик за секој противнички тим и магнет за секоја публика. Факт е дека и двете екипи не се баш во најповолна резултатска ситуација во моментов по низа од неколку негативни резултати, па сето тоа носи желба за максимално надигрување и на двете страни. Се надевам дека ќе може да сметаме на сите расположиви сили, по претходните отсуства на капитенот Мицевски и Брдаровски“ – вели Васоски.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Кратово: СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
Гостивар: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 1-0
Попзлатанов 44′

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...