На Чаир е мегданот за врвот, Тиквеш со желба да го реши и Работнички

Шкупи и Струга ТЛ во битката за врвот денеска од 14 часот во најинтересниот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Дуел кој треба да го трасира патот кон лидерската позиција на табелата за една од двете екипи, а во очекување на кикс на Шкендија на гостувањето против Гостивар.

Уште една интересна пресметка денеска во Скопје. Тиквеш ќе се обиде да го изненади и Работнички во желбата за трета победа во низа. Шефот на стручниот штаб на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов, верува дека неговиот тим може да ја продолжи победничката серија.

„Тиквеш секогаш оди на победа така ке биде и утре, Работнички е добра екипа со добри поединци, но Тиквеш игра динамичен, квалитетен но пред се колективен фудбал, па така ќе биде и во Скопје. Одиме да се надигруваме и да ја продолжиме победничката серија“ – вели Мојсов.

Силекс, пак, ја пречекува Воска Спорт како начин за продолжување на извонредната серија без пораз. Кратовци со триумф денеска повторно се враќаат со активна улога и за самиот врв на табелата.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Кратово: СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
Гостивар: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 1-0
Попзлатанов 44′

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...