Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин заработи повреда на левото стапало на подготовките за новата сезона, објавија американските медиуми. Поради истата искусниот кошаркар кој ги покрива високите позиции нема да биде дел од тимот на почетокот на сезоната.
Повредата настанала поради доскок на стапалото на Џонатан Куминга и се очекува да го оддалечи од теренот во следните три до шест недели.
„На прегледтие беше потврдено дека избегнав најлошо можно сценарио. Уште сега моето тело добро реагира на траумата која ја претрпев, но отокот е преголем и ќе биде потребно некое време пред да започнам со рехабилитација“, изјави Грин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

