„Нула“ во Чаир и во Штип, Воска само ги налути Ѓорѓиевски и Силекс, Гостивар води со Шкендија (ВИДЕО)

Убедливо водство на Силекс од 3-1 против Воска Спорт, предност за Работнички и „нули“ во Чаир и во Штип по првото полувреме во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Воска спорт успеа само да го налути Силекс со водството во Кратово, па домашните потоа запишаа три гола за убедлива предност на полувремето.

Воска Спорт поведе со 0-1 со голот на Марушиќ уште во 8. минута…

Но, се потоа беше во знакот на кратовци. Најпрво во 18. минута Зајиќ израмни на 1-1, а потоа следеа два гола на Марко Ѓорѓиевски кој погоди во 30. и во 39. минута од непосредна близина за предности и од 3-1.



Работнички, пак, има предност од 1-0 на дуелот против Тиквеш со голот на Мазари во 22. минута.

Гостивар води против Шкендија со 2-1 по првите 45 минути. Домашните поведоа во 12. минута со убавиот гол на Атиемвен по мајсторскиот соло-продор, шокирајќи ги гостите од Тетово.

Но, набрзо Шкендија израмни со голот од пенал на Тотре во 24. минута.

Сепак, Алпер Потук во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме стрелаше за 2-1 за гостиварци.

Нема голови на дербито во Чаир каде играат Шкупи и Струга ТЛ, како и на пресметката во Штип меѓу Брегалница и Вардар.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0
Мазари 22′
Кратово: СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 3-1
Зајиќ 18′, Ѓорѓевски 30′, 39′ – Марушиќ 8′
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 0-0
Гостивар: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 2-1
Атиемвен 12′, Потук 45’+1 – Тотре 24′(п)
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 1-0
Попзлатанов 44′

Се вчитува...