Историја во Шпанија: Хет-трик за пет минути и тоа со ист асистент

Натпреварот помеѓу Алмерија и Гранада во Ла Лига влезе во аналите на првенството откако домашниот двоец Суарез – Рамазани беше „виновен“ за хет-трик кој досега не е виден во историјата.

Колумбиецот Луис Суарез од 41. до 46. минута три пати ја тресеше мрежата, интересно со еден ист асистент – Белгиецот Ларже Рамадани што е прв натпревар со вакво одбележување.

За жал најбрзиот хет-трик по сезоната 2016/17 во Шпанија не беше доволен за Алерија да запише три бода на денешната средба. За тоа се погрижија Зарагоса, Санчез и Узуни кои стрелаа во 65, 70 и 86. минута од натпреварот за конечни 3-3.

Се вчитува...