Кошаркарите на Гостивар и Пелистер се побрзи од звукот на сирената (ВИДЕО)

Натпреварот на првото коло во Првата кошаркарска лига се игра во овие моменти во салата „Младост“ во Гостивар каде истоимениот тим го пречекува Пелистер.

Првото полувреме донесе неколку интересни моменти вредни за одбележување. Покрај вкупно седумте блокови на двата дела од теренот беа забележани и два погодоци со звукот на сирената.

Прво за крај на првата четвртина при продор стрелаше Виктор Златевски, а потоа побрз од сирената беше и Амар Хот кој во стилот на Јоргос Принтезис го постигна 35 поен за својот тим со што ја намали негативата на шест поени.

Се вчитува...