Холидеј во Портланд се задржа само четири денови

Најголемиот губитник од трејдот на Дамиен Лилард во Милвоки Бакс, Дру Холидеј по само четири дена откако беше проследен во Портланд доби нов клуб.

Кошаркарот кој важи за одличен дефанзивен и во новата сезона во „зелени“ бои ќе се бори за титула во НБА шампионатот, но ќе го носи дресот на Бостон Селтикс, минатогодишниот финалист во Источната конференција кој за неговите услуги во спротивен правец ги испратија Роберт Вилија, Малколм Брогдон и неколку пика од првата и втората рунда.

Холидеј зад себе има успешна 14-годишна кариера во НБА и во Бостон носи и шампионско искуство со оглед на тоа што беше клучен дел од тимот на Милвоки кој во 2021 година ја освои титулата.

Се вчитува...