Гостивар не ја дава тврдината – поразен Пелистер на отварањето на сезоната

Гостивар триумфално ја започна новата сезона во Првата кошаркарска лига откако во дербито на 1. коло славеше на домашен терен против Пелистер со 75-68 наговестувајќи тежок терен во „Младост“ и во сезоната која ни следи.

Во изедначеното отварање на натпреварот во кое двата тима ја бараа висинската форма во нападот ниеден тим не успеа да направи значајна разлика па по 10. минути игра на семафорот стоеше минимална предност за гостите од 16-18. Сепак како што одминуваа минутите домашните кошаркари ја превземаа иницијативата, заиграа далеку подобро во нападот па на полувреме стекнаа предност од 41-35.

Добриот ритам на гостиварци продолжи и во третата четвртина во која предноста се искачи на +11 (51-40), но добриот шут за три поени на битолчани ја врати негативата на само три разлика (54-51). Сепак Гостивар благодарение на Инграм и Вензант не дозволи неизвесен финиш, возврати со своја мини-серија и во последната четвртина влезе со предност од 61-54.

Во одлучувачките десет минути Гостивар продолжи да го диктира темпото, ги лимитираше лесните поени во рекетот, го имапе расположениот Остин на своја страна и приреди мирен финиш на средбата.

Со 18 поени најрасположен во домашниот тим беше Инграм додека него го следеа Митевски и Остен со дабл-дабл учиноци од 15 поени и 10 скокови. Кај Пелистер прво име беше Маслинко со 18 поени и 6 скокови, 17 поени и 5 асистенции постигна Бернард, а 12 поени и 6 скокови Хот.

Се вчитува...