Аклараз застана „рамо до рамо“ со Надал и Ѓоковиќ

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз кој важи за најголем талент на денешницата се пласираше во четвртфиналето од Мастерс турнирот во Пекинг откако славеше против Лоренс Мусети со 2-0 (6-2, 6-2) и воедно продолжи да соборува рекорди и успеси на неговите претходници.

Шпанецот кој го брка седмиот трофеј во сезоната ја оствари 60 победа во 2023 година, но самиот пласман во четвртфиналето го донесе „рамо до рамо“ во одбрано друштво со тениски легенди како Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Лејтон Хјуит кои успеале да забележат 13 настапи во четвртфинале во една сезона пред да наполнат 21 година.

Се вчитува...