За Кинезите Новак Ѓоковиќ е „кокошка“

Тениските навивачи во Кина на своите омилени играчи им даваат интересни прекари со оглед на тоа што некогаш е многу тешко да ги изговорат имињата на оние кои доаѓаат од Европа, открива познатиот тениски новинар Бастиен Фачан.

Истите се до некаде бизарни и со сигурност нема да им се допаднат на сите тенисери.

Така Новак Ѓоковиќ го доби прекарот „Кокошка“ алудирајќи на неговото ривалство во Карлос Алкараз, дуел кој Кинезите го опишуваат како дуел на кокошка и патка, прекар кој му е даден на Алкараз по инспирација од анимираниот цртан филм Покемон.

Стефанос Циципас има прекар „Принцезата Сиси“ поради долгата плава коса, додека Данил Медведев е „долгоракиот мајмун“.

Јаник Синер го добил прекарот „млечен ролат“ со оглед на тоа што на Тајван има традиционален колач кој се вика Јаник.

Се вчитува...