Кошаркарите на Реал Мадрид успешниот почеток на новата сезона го крунисаа со титула во Суперкупот на Шпанија каде славеа убедливо против Барселона во „Ел класико“ натпреварот во кој не можеа да сметаат на Габриел Дек и Еди Таварес.
Лидер на тимот беше Факундо Камапацо, повратникот во „кралските“ редови. Организаторот на играта постигна 15 поени и 5 асистенции не го криеше задоволството по натпреварот.
„Имавме доста солиден настап. Добро почнавме, но потоа имавме подеми и падови. Во третата четвртина им дозволивме многу поени од линијата за слободни фрлања. Победата во „Ел класико“ секогаш носи посебна гордост, многу сум задоволен. Имаме добра атмосфера, опасни сме на сите позиции и многу сложни“, изјави Кампацо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

