Големиот пропуст на дербито на 7. коло во Премиерлигата каде на Ливерпул неправедно му беше поништен гол поради офсајд, а потоа престрого казнет беше и Диого Жота со два жолти картони се уште е главна тема во англиската фудалска јавност.
Судиската комисија на Премиерлигата експресно ја призна грешката, се извини на Ливерпул и ги „отпиша“ ВАР судиите Дарен Ингланд и Ден Кук од следните натпревари, но за Луверпул тоа не е прифатливо.
„Фудбалскиот клуб Ливерпул го цени признанието на PGMOL за нивните неуспеси. Јасно е дека не дојде до правилна примена на правилата на играта со што се наруши спортскиот интегритет. Во потполност ги прифаќаме притисоците под кои работат службените лица, но тие притисоци треба да се ублажат, а не да станат полоши со примената и постоењето на ВАР.
Затоа е недозволиво на судиите да не им биде дозволено доволно време да се овозможи носење на исправни одлуки и да нема дополнителна интервенција. И овие пропусти да бидат категоризирани како „значајна човечка грешка“ исто така е неприфатливо. Било кои и сите исходи треба да се утврдат само со преглед и во целосна транспарентност. Ќе го истражиме опсегот на достапни опции со оглед на јасната потреба за ескалација и решение“, стои во соопштението на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА