Од рајот до пеколот: Луис Суарез го даде третиот најбрз хет-трик, па ја скрши ногата

Колумбискиот голгетер Луис Суарез испиша историја откако стана стрелец на третиот најбрз хет-трик во 21. век во Ла Лига, откако асот на Алмерија даде три гола за само 5 минути и 25 секунди на дуелот со Гранада.

Тој одигра извонреден меч, три пати го матираше противничкиот голман, но за жал мечот ќе го памети по тешката повреда што ја заработи на самиот крај од натпреварот.

Суарез мораше на носилки да биде изнесен од теренот, а деталните прегледи покажаа скршеница на потколеницата, по што ќе следи пауза од најмалку три месеци од терените.

Се вчитува...