Пирло е тренерско промашување, сега е пред отказ и од Сампдорија

Андреа Пирло е најнов пример на „непишаното правило“ дека врвен играч не значи по автоматизам и добар тренер, откако италијанскиот стратег не успеа да се наметне ниту во второлигашот Сампдорија, каде се наоѓа пред отказ.

Овој тим се надеваше на експресен камбек во елитното друштво, за таа цел беше доведен и Пирло на тренерската позиција, но стартот на сезоната е кошмарен за екипата од Џенова. По последниот пораз на домашен терен од Катанцаро со 1-2, Сампдорија се наоѓа на претпоследното место на табелата, а столчето на Пирло сериозно се тресе.

Италијанските медиуми најавуваат дека претседателот Андреа Радицани е во дилема, дали во наредните денови да го отпушти екстренер0т на Јувентус, или пак да почека до репрезентативната пауза и тогаш да се реши за рокада на клупата.

Едно е сигурно, Пирло беше фудбалски генијалец на теренот, но е предалеку од таков епитет кога седи на клупата.

Се вчитува...