Американскиот организатор на игра Камерон Пејн е нов кошаркар на Милвоки. Тој е слободен агент кој договори едногодишен договор со Бакс каде треба да биде поддршка за Демиен Лилард на плејмејкерската позиција.
Пејн минатата година беше член на Феникс санс, што е негова четврта сезона по ред со тимот на Аризона.
Пејн пристигна во лигата во 2015 година кога беше драфтуван од Оклахома, а беше и член на Чикаго Булс и Кливленд Кавалирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

