ОФИЦИЈАЛНО: Спанулис е нов селектор на Грција

Василис Спанулис, еден од најголемите грчки кошаркари на сите времиња, ќе го наследи Димитрис Итудис на селекторската позиција на кошаркарската репрезентација на Грција.

Грчката кошаркарска репрезентација немаше добар настап на Мундијалот, но мора да се каже дека беа лишени од услугите на најдобриот играч Јанис Адетокумбo.

Спанулис зад себе има импресивна играчка кариера. Играше за Гимнастикос, Маруси, Панатинаикос (двапати), Хјустон Рокетс и Олимпијакос. Тимот од Пиреја, во кој остави најдлабок белег, неодамна за да му оддаде почит го повлече дресот со број седум, кој  тој го носеше во деновите поминати во арената „Мир и пријателство“.

Иако е млад специјалист, Спанулис не е без тренерско искуство. Тој во летото 2022 година го презеде тимот на Перистери во кој заврши добра работа.

Се вчитува...