Ларкин го загуби статусот турски државјанин

Истанбулскиот Анадолу Ефес објави дека Турската кошаркарска федерација го повлекла статусот на домашен играч што му го дала на нивниот играч Шејн Ларкин.

Ларкин ја претставуваше репрезентацијата на Турција од 2021 година, но неговиот статус ќе се промени пред новата сезона. Раздорот меѓу двете страни започна по поразот од Турција на претквалификацискиот турнир за Олимписките игри, по што ги загубија сите шанси да играат во Париз следната година.

Затоа ТКФ почна да ги бара виновниците и ги најде во двајцата натурализирани играчи, Скоти Вилбекин и Шејн Ларкин.

Двајцата од различни причини летово се повлекоа од тренинг кампот на репрезентацијата и поради тоа беа казнети со суспензија од пет натпревари во турскиот шампионат и парична казна од 3.140 евра.

Се вчитува...