Поранешниот легендарен српски тренер, Драган Шакота говореше за периодот кога како тренер на грчки АЕК го купил Перо Антиќ од Работнички за 10.000 марки.
Тој вели дека и покрај тоа што неговиот пасош бил лажиран и тој бил две години постар, воопшто не жалеле за потписот со македонскиот кошаркар.
„Кога бев на турнир да ја гледам селекцијата на Грција за играчи генерација 1982 година, која тогаш стана и европски шампион со играчи како Зисис, Спанулис, Кајмакоглу и Бурусис, во очи ми падна Перо Антиќ, кој беше најдобар стрелец на шампионатот. Бев фасциниран од неговата игра, особено што мислев дека е роден 1984 година. Ја знаев цела таа генерација во Европа и реков – друг ваков играч не постои. Веднаш разговарав со менаџерот на АЕК и го купивме за 10.000 марки и тоа лесно. Но, кога тој дојде во Атина и кога требаше да го регистрираме излезе дека тој всушност е роден 1982 година, односно дека настапувал со фалсификуван пасош. Но и со таа возраст се уште беше класа и не зажаливме што го ангажиравме“, изјави Шакота.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

